Systasis 38 (2021)

TABLE OF CONTENTS

PAPERS

Линдита Ахмети

Некои акценти на обидите за демитологизација на старогрчкиот мит (1-23)

Тема на овој труд е феноменот на рационализацијата и демитологизацијата на старогрчкиот мит. Прво станува збор за митот, неговото значење и етимологија, за неговата убавина и таинственост што ги привлекуваат и до ден-денеска не само обичните читатели туку, во прв ред, научните истражувачи, писателите, сликарите, скулпторите и музичарите. Потоа, главно, преку хронолошката метода ќе се истакнат анализите и рационализацијата на старогрчкиот мит направени од рационалистите пред нашата ера, па сè до христијанските апологети, заклучно со св. Августин. На крајот се говори за обидот да се каже некој збор и за сложеноста на митот и за неможноста да се искорени и покрај толку обиди направени за таа цел низ вековите, особено во средниот век.

adobe acrobat pdf file 512 pdf

Даниела Тошева

Епископот како арбитер во некои случаи со насилство врз жените во доцната антика(24-44)

Во времето на доминатот се озаконува практиката епископот да биде судија арбитер во приватните спорови, не само меѓу црковните лица и монасите туку и меѓу цивилното население. Оваа практика е очигледна во голем број папируси од IV век и наваму, кои претста¬вуваат документи од областа на приватното право, но исто така e регистрирана и во правната теорија, почнувајќи од времето на Константин I сè до Јустинијан I. Имено, христијанската религија во голема мера ја менува правната практика, која се однесува не само на процесното право туку и на начинот на составување документи. И покрај популарноста на епископот како арбитер, забележливо е дека случаите со насилство не се бројни пред епископските судови во споредба со граѓанските. Задача на овој труд е да покаже зошто токму овие случаи се реткост во епископската аудиенција, преку илустрирање на институцијата арбитер и арбитража во антиката и анализирање на конкретните случаи во кои оштетените страни се жени што се обраќаат на епископот арбитер.

adobe acrobat pdf file 512 pdf

BOOK REVIEWS

Војислав Саракински

Весна Томовска, Даниела Тошева, Античка драма, Три, Скопје, 2018. Стр. 286. ISBN 978-608-230-608-7(45-55)

adobe acrobat pdf file 512 pdf

Јасминка Кузмановска

Јустин, Филипова историја. Епитома на „Филиповата историја“ од Гнај Помпеј Трог, предговор, превод од латински јазик, белешки и индекс Светлана Кочовска-Стевовиќ, Полица, Скопје 2020. Стр. 522. ISBN 978-608-4850-65-6(56-60)

adobe acrobat pdf file 512 pdf

Марија Чичева-Алексиќ

Грчки магиски папируси. Магиски текстови пронајдени на папируси, предговор, превод од старогрчки и белешки кон преводот Даниела Тошева,
Книга I (PGM I – VI) Магор, Скопје 2019. Стр. 252. ISBN 978-608-223-633-9 и Книга II (PGM VII -LXXXI), Магор, Скопје, 2020. Стр.251. ISBN 978-608-223-658-2(61-68)

adobe acrobat pdf file 512 pdf

JSN Epic template designed by JoomlaShine.com